Хематурија (Појава на крв во урината) | За Здравје

                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Хематурија (Појава на крв во урината)

Хематурија преставува присуство на крв (еритроцити) во урината. Во однос на бројот на еритроцитите во урината постојат микро и макроцитурија (макроскопска хематурија).



Причини за настанување






Причините за настанување на хематуријата се многубројни. Може да се појави кај небубрежни заболувања – хематолошки (хемофилија, тромбоцитопенија, српеста анемија, таласемија), кардиоваскуларни (декомпензација на срцето, тромбоемболиска болест) и токсоалергиски реакции. Хематуријата од бубрежно потеклно е предизвикана од – вродени или стекнати аномалии на бубрезите, вродени или стекнати заболувања на крвните садови на бубрезите, калкулоза на бубрезите и мочните патишта, примарен гломерулонефритис, и секундарни гломерулопатии, воспаление на мочните патишта, неоплазми на бубрезите и мочните патишта.



Клиничка слика



Хематуријата може да биде макроскопска (видлива со голо око како црвено пребоена урина, или микроскопска (видлива со микроскопски преглед на урината). Макроскопската хематурија се карактеризира со светло-кафена или црвено обоена урина, која не мора секогаш да биде знак за еритроцити во урината (може да се појави после јадење одредена храна, на пример цвекло). Хематуријата може да биде инцидентна (после траума, тешка физичка работа), интермитентна (кај калкулоза, инфекции на уринарните патишта) или постојана (кај паренхимски заболувања на бубрезите).



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, лабараториските анализи, објективниот преглед (палпација на бубрезите, ректално туше кај мажите, гинеколошки преглед кај жените), интравенска урографија, цистоскопија, ретроградна уретропиелографија, артериографија и биопсија на бубрезите.



Терапија



Хематуријата се лекува каузално, т.е. во однос на причината. Доколку тоа не е можно се применува симптоматска терапија. Кај масивната хематурија изгубената крв се надоместува со трансфузии на крв.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER