Стероидите можат да предизвикаат импотенција | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЉУБОВ И СЕКС

Стероидите можат да предизвикаат импотенција

 

 

Стероидите се синтетичка произведена форма на машкиот хормон тестостерон. Ја зголемуваат синтезата на протеините во клетките што резултира со билдање на мускулно ткиво. Поради тоа што стероидите ја зголемуваат мускулната маса и силата, најмногу се користат од страна на бодибилдерите и спортистите кои што не можат да го поминат допинг тестот.

 

Од аспект на сексуалноста, стероидите имаат позитивен ефект на сексуалната желба. Нивното земање предизвикува зголемување на сексуалниот апетит. Но, долгорочниот ефект воопшто не е пријатен. Имено, земањето стероиди може да предизвика стеснување на тестисите и пенисот, импотенција, проблеми со простатата и растење на градите.

 

Кај жените, ефектот на стероидите се огледува во изостанок на меснтруацијата, неприродно зголемување на клиторисот и намалување на градите.

 

 

Ако долготрајно се користат, се особено штетни. Можат да предизвикаат проблеми со бубрезите, црниот дроб и срцето. Во некои случаи, можат да бидат и опасни по животот. Го зголемуваат крвниот притисок, нивото на холестерол и можат да предизвикаат конвулзии. Несаканите ефекти вклучуваат појава на параноја, депресија и поголема влакнатост.

 

Извор: intimatemedicine.com

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER