Рак на панкреасот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Рак на панкреасот

Ракот на панкреасот претставува малигна неоплазма на панкреасот. Се проценува дека во 2010 година повеќе од 43.000 лица во САД биле дијагностицирани со оваа болест, а 36.800 починале од оваа болест. Прогнозата е лоша, помалку од 5% од оние кои се дијагностицираат успеваат да преживеат 5 години. Комплетна ремисија на оваа болест е многу ретка. Околу 95% од егзокрините панкреасови карциноми се аденокарциномите, останатите 5 % се колоидни карциноми, аденосквамозни карциноми, колоидни карциноми, недиференцирани карциноми и сл.



ЗНАЦИ И СИМПТОМИ



Ракот на панкреасот, уште се нарекува и тивок убиец бидејќи во раните почетоци на развивање на карциномот речиси нема никакви симптоми и во подоцнежниот период симптомите не се конкретни често варираат и претставуваат потешкотија за нивно дијагностицирање.






Симптоми кои можат да значат карцином на панкреасот:

- Болки во горниот абдомен кои се чувствуваат претежно во задниот дел;

- Губење апетит, гадење и повраќање;

- За краток перод значително губење на тежината;

- Жолта нијанса на белките од очите, во крајни случаеви и жолтеникава кожа;

- Затемнета урина;

- Чешање ;

- Иритација на кожата;

- Спонтано крвно згрутчување во длабоките вени на екстремитетите или површинските вени на целото тело често можат да значат карцином на панкреасот;

- Дијабетес мелитус, или зголемено ниво на шеќер во крвта (многу пациенти пред да им биде дијагностициран рак на панкреасот, им било дијагностицирано зголемено количество на шеќер во крвта);

- Клиничка депресија исто така може да биде забележана кај заболените од рак на панкреасот;



ПРИЧИНИ



Ризик фактори кои можат да вклучат појава на рак на панкреасот се:



- Старост, особено околу 60 години

- Машки пол, за 30 % овој тип на канцер се појавува повеќе кај мажите отколку кај жените

- Пушењето цигари е многу ризичен фактор за појава на овој тип на карцином

- Диети кои вклучуваат внесување на мало количество на овошје и зеленчук

- Диети богати со шеќер, засладени пијалаци, газирани пијалоци

- Дебелината

- Дијабетес мелитус е и фактор на ризик за рак на панкреасот, а како што беше забележано претходно, новиот почеток на дијабетес може да биде знак на почетокот на болеста

- Хроничниот панкреатитис

- Helicobacter pylori инфекција

- Семејна историја, 5-10% од пациентите имаат фамилијарна историја на рак на панкреасот. Ракот на панкреасот е поврзан уште и со: автозомно-доминантното и автосомно рецесивното наследување, атаксија-телеангиектазија, мутации во некои гени особено во тумор-супресорсите гени и сл.

- Гингивитис или пародонтоза




АЛКОХОЛ



Контроверзно е дали консумирањето алкохол е фактор на ризик за рак на панкреасот. Претераното пиење на алкохол е една од главните причини на хроничниот панкреатит, кој пак е предиспозиција за рак на панкреасот. Сепак некои истражувања покажале врска на алкохолот со ракот на панкреасот. Најголем ризик имаат тешките алкохоличари. Но, се чини дека постои зголемен ризик и за луѓето кои конзумираат и до 30g на алкохол на ден.



Постојат различни истражувања, неколку студии предупредуваат дека наодите би можеле да се должат на изненадувачки фактори. Дури и ако врската постои, тоа "би можело да се должи на содржината на некои алкохолни пијалаци", не специјално на алкохолот, велат од истражувањето. Дури едно холандиско истражување укажува дека белото вино го намалува ризикот од појава на карцином на панкреасот.

Заедничките анализи заклучуваат "Нашите откритија се во согласност со скромен пораст на ризикот од рак на панкреасот со потрошувачка од 30 или повеќе грама алкохол дневно"



Болката е присутна кај 80% до 85% од пациентите со локално напредната или напредна метастатска болест. Болката обично се чувствува во горниот дел на стомакот како тапа болка која зрачи директно до грбот. Болката може да биде повремена и да се влошува за време или после јадењето. Губењето на тежината се случува обично нагло, па може да доведе дури и до анорексичност, и честа појава на дијареја. Жолтицата е често придружена со јадеж и темна урина.



Малигномите кои се јавуваат во телото на панкреасот обично даваат симптоми на болка и нагло губење на тежината додека оние кои се јавуваат во главата на панкреасот се манифестираат со жолтица и исто така со губење на тежината.
Понекогаш може да се забележи атипичен дијабетис мелитус, тромбофлебитис (чест знак) или панкреатитис. Замор и раздразливост поради болки исто така можат да бидат знаци за рак на панкреасот.



Тестовите за функцијата на црниот дроб можат да покажат комбинација на резултати индикативни за опструкција на жолчниот канал (зголемен конјугиран билирубин, нивото на γ-глутамил транспептидаза и алкалната фосфатаза). Ракот на панкреасот исто така може да се потврди проверувајќи ги тумор-маркерите кои се зголемени.



ПАТОЛОГИЈА



Дефинитивната дијагноза се поставува со иглена биопсија или ендоскопска хируршка ексцизија на радиолошки сомнително ткиво. Ракот на панкреасот има имунохистохемиски профил кој е сличен на хепатобилијарниот рак (на пр холангиокарцином) и некои други видови на рак во стомакот, така што не секогаш можно е да се биде сигурен дека туморот се наоѓаат во панкреасот. Како и колоректалниот карцином и карциномот на панкреасот се смета дека се јавува од предходно не малигни лезии.



СКРИНИНГ



Пациенти со висок ризик од рак на панкреасот (наследните) можат да се следат, но методот како да се направи ова постојано се дебатира во научните кругови. Некои мали истражувања покажале ветувачки резултати но тоа ништо сеуште не е тестирано во поголем обем.



ПРЕВЕНЦИЈА



Според Американското здружение за рак, не постојат утврдени насоки за спречување на рак на панкреасот, иако цигарите се забележани како одговорни за 20-30% од панкреасот рак. Како превенција сепак се препорачува водење сметка за телесната тежина, воведување на повеќе овошја и зеленчук, намалување на количеството на црвено месо кое го внесуваме преку исхраната, откажување од пушењето, сепак оваа не е гаранција дека овој тип на карцином не може да се појави повторно. Во септември 2006 година една студија покажала дека земањето на големо количество на витаминот Д, може дури и за 50 % да го намали ризикот за појавување на карцином на панкреасот, сепак ова дополнително треба да се истражи за придобивките и ризиците кои би се појавиле при земање на витаминот Д. Друга студија од јуни 2007 покажала дека витаминот Б, т.е. Б6 и Б12 можат да го намалат ризикот од појава на рак на панкреасот, но само ако витаминот Б, е внесен преку исхраната, никако во вид на таблети.



ТРЕТМАН



Хируршки



Третманот на рак на панкреасот зависи од стадиумот до кој стасал карциномот. Постапката Whipple е најчестиот хируршки третман за рак кои вклучуваат отстранување на главата на панкреасот, и на свијокот на дванаесетпалечното црево заедно (pancreato-duodenectomy) правење на бајпас за храна од желудникот до јејунумот (гастро-jejunostomy). За ракот на опашката на панкреасот може да се користи ресецирана процедура позната како крајна панкреатектомија. Неодамна, локализираниот рак на панкреасот се ресецира со користење минимално инвазивни (лапароскопски) приоди. По операцијата се применува адјувантна хемотерапија со gemcitabine, оваа терапија покажала зголемување на преживувањето и до 5 години по операцијата.



ХЕМОТЕРАПИЈА



Палијативна хемотерапија може да се користи за да се подобри квалитетот на животот и да се добие скромен опстанок. Gemcitabine беше одобрен од страна на САД - Прехрамбената и Лекарската администрација во 1998 година, по една клиничка студија објавена за подобрување на квалитетот на животот.



ПРОГНОЗА



Пациентите дијагностицирани со рак на панкреасот обично имаат лоша прогноза, делумно и поради тоа што ракот обично не предизвикува никакви симптоми на почетокот, што води до локално напреднување или метастазирање на болеста во време на дијагнозата. Периодот на прежививање за жал е од 3 до 6 месеци во редок случај забележан само кај 5 % од заболените од оваа болест е до 5 години. Во САД од 37.170 случаи дијагностицирани во 2007 година, 33.700 смртни случаи се забележани, што ја прави оваа болест со највисока стапка на смртност од сите карциноми. Статистички покажано дека 6% од сите случаеви заболени од рак умираат од рак на панкреасот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER