Природни лекови против инфекција на увото | За Здравје

                         
                           
                             

ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Природни лекови против инфекција на увото

Што претставува инфекција на увото и кои се симптомите?



Инфекцијата на увото претставува инфекција на средното и надворешното уво предизвикано од бактерија. Инфекциите на средното уво најчесто се предизвикани од бактерии кои можат да предизвикаат и инфекции на респираторниот тракт и на фаринксот. Додека најчесто настинките се предизвикани од вируси, тие прават одлична подлога за развивање на бактериите со оштетувањето на мукозната мембрана. Како најчест предизвикувач се јавуваат бактериите од родот стрептококус.






Низ конекцијата помеѓу средното уво и епифаниксот која се нарекува Евстахиева туба и која служи за еквилибрација на притисокот можат да продрат бактериите и да предизвикаат инфекција. Инфекцијата може да предизвика јака болка, гноење од увото, крварење и дури оштетување на ушното тапанче. Но увото може да биде инфицирано и со бактерија која потекнува од надворешното уво која има обезбедено опстанок во топлата и влажна средина. Како пример може да биде навлегувањето на нечиста вода од некое езеро.



Кој ја предизвикува инфекцијата?



Обично инфекцијата на увото е предизвикана од истиот тип на бактерии што предизвикуваат и инфекции на грлото и горнореспираторниот тракт, тие се: Streptococcus pneumoniae, Hemophilus influenzae и Staphylococcus aureus. Последната бактерија може да биде и метицилин резистентна. Овој вид е познат и под името MRSA(methicillin-resistant Staphylococcus aureus), и предизвикува тврдоглава и тешка за лечење инфекција.



Како да се заштитиме од инфекција на увото?



Има многу домашни начини на заштита и превенирање на инфекциите. Некои од овие делуваат директно на бактеријата а некои ги олеснуваат симптомите и му даваат на телото сила да се избори против бактеријата.



Добар начин да се заштитиме од инфекциите на увото е да избегнуваме пливање во нечисти води. Бидејќи не можеме да знаеме дали водата е контаминирана со опасните бактерии најдобро е да користиме затки за уши обложени со восок кога пливаме. Друг начин е со капнување на неколку капки минерално или маслиново масло во ушите пред пливање, тоа ќе спречи навлегување на водата. Инфекциите на средното уво се малку потешки за спречување од причина што бактеријата може да навлезе и низ евстахиевата туба.



Затоа најдбар начин да се превенира ваков тип на инфекција е да се спречи горна респираторна инфекција со конзумирање на здрава храна, квалитетен сон, редовни вежби, редовно миење на рацете и избегнување на движење низ поголеми гужви. Ако настинете вашето тело ќе оздрави побрзо ако одмарате и може да ја спречите инфекцијата која може да продре до средното уво.



Ако имате инфекција на средното уво сигурно имате и јака болка која сакате да ја одстраните. Жешката пареа може да помогне. Земете влажно парче газа и загрејте ја во микробранова печка за да биде топла (ама не жешка) и ставете ја во болното уво. Исто така може да помогне и ако го држите болното уво над чаша топла вода која испарува. Додавање на одредени билки во топлата вода можат да помогнат, како камилица и нане кои имаат антивоспалително, анти бактериско и благо анестетско дејство.



Инхалирање на оваа комбинација од вода и камилица помага при бактериска инфекција на грлото а со тоа и помага во борбата при инфекција на средното уво. Врши и деконгестија на евстахиевата туба а со тоа и ослеснување на симптомите.



Повеќето од овие лекови дејствуваат во принцип на олеснување на симптомите. Многу малку дејствуваат каузално т.е на ерадикација на бактериите. Затоа треба да се консултира специјалист за да не настанат перманентни оштетувања на слухот ако домашните начини на лекување не помагаат.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER