Не ја сушете облеката во домот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Не ја сушете облеката во домот

 

Сушењето на облеката на радијаторите во домот може да биде лошо по вашето здравје, предупредуваат експертите.

 

 

Научниците од Глазгов предупредуваат дека 5 килограми испрана облека со текот на нејзиното сушење ослободува околу 2 литри влага во водухот, што е еднакво на една третина од вкупната влага во слабо проветрените простории.

 

Со тоа се создаваат идеални услови за развој на мувла и фунги кои што можат да ја влошат состојбата на астматичарите.

 

Фактот што луѓето се одлучуваат да ја сушат облеката на радијаторите од парното греење им носи две негативни последици, зголемена потрошувачка на топлинска енергија и потенцијален ризик по здравјето.

 

За да се намали ризикот по здравјето, на луѓето им се препорачува да ја сушат облеката надвор од просториите за престој или во машини за сушење.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER