Неколку совети од народната медицина за најчестите здравствени проблеми | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Неколку совети од народната медицина за најчестите здравствени проблеми

Народната, односно алтернативната медицина никогаш не треба да ја потценуваме. Ако ви е доста од секојдневното пиење таблети за секаква ситница, тогаш навистина треба понекогаш да погледнете и кон народната медицина. Народната медицина користете ја само кога имате проблем кој неможе да биде живото-загрозувачки, а ви прави моментален проблем и ви задава тегоби. Никогаш не користете ја народната медицина како замена за терапија која лекарот ви ја препишал. Денеска ние ќе ви дадеме неколку совети за тоа на кој начин и во кои ситуации народната медицина би можела да ви помогне.







Болки во грлото



Ако имате болки во грлото немора веднаш да одите во аптека и да барате таблети или антисептици. Едноставно правете гаргара со солена вода неколкупати дневно и симптомите за кратко ќе ги снема, особено ако после гаргарата се напиете чај со лимон и мед.



Забоболка




Оној кој не почувствувал забоболка во 3 часот наутро незнае колку е само лошо чувството кога ве боли расипан заб. Овде нема да ви понудиме нешто што ќе го замени стоматологот за тој заб, но ќе ви понудиме решение додека да се раздени и да побарате решение кај лекар стоматолог. Земете неколку чешненца лук и ставете ги на болниот заб. Пробајте таму да се задржат, односно џвакајте ги на болното место и не заборавајте наутро да го посетите стоматологот бидејќи тоа ви е неизбежно порано или подоцна.



Неколку совети за изгорениците




Овде ќе зборуваме за изгореници кои сте ги добиле од некој топол предмент и кои ви задаваат болка и непријатно чувство. Ова не важи за големи и обилни изгореници, случај каде треба веднаш треба да се посети лекар. Доколку се здобиете со изгореница, веднаш местото ставете го под силен млаз ладна вода. После неколку минути, ставете гел од алое вера, но доколку немате, иситнете еден компир, ставете го на повреденото место и држете или поминувајте со него преку раната.



Главоболка, мигрена




Овие симптоми знаат да бидат доста непријатни и можеби неможете во целост да ги спречите но можете да ги намалите. Правете масажи со етерично масло од слепоочниците до почетокот на вратот. Притоа земете ладна облога на која има и пресечен лимон и ставете ја на челото.



Доколку етеричното масло е од лаванда би требало веднаш да почувствувате подобрување. Мораме да нагласиме дека и кофеинот често ја намалува главоболката. Доколку на крајот од ова ништо не помогне, сепак ќе мора да се одлучите за некој анелгетик.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER