Најчести срамни моменти за време на сексот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЉУБОВ И СЕКС

Најчести срамни моменти за време на сексот

 

Постојат некои срамни моменти кои можат да се случат и да ја уништат страста или да предизвикаат непријатност, срам или хумористична секси сцена. Еве некои најголеми срамни моменти кои можат да се доживеат за време на сексот, а за кои мораме да потенцираме дека се важни и за мажите и за жените бидејќи подеднакво често им се случуваат.

 

Мириси и гасови

 

Внимавајте што јадете пред сексот. Скара, односно кебапи, кромид, чорби од разни мешункасти растенија би можеле да бидат проблем. Навистина нема поголем уништувач на страста од мирисот на еден од партнерите. За гасовите не сакаме ниту да коментираме.

 

Брзо свршување

 

Често им се случува на мажите. Барала маратон, а добила спринт на 100 метри, ваков е коментарот на жените. Но, доколку вашиот партнер има нормални секуални активности со вас, а понекогаш му се случува прерано свршување, тогаш ваша задача е да му кажете дека воопшто не сте изненадена ниту дека го презирате за овој момент. Едноставно, само кажете му го тоа на начин да не му го повредите егото бидејќи и онака веќе било повредено.

 

Месечен циклус

 

Да, кога ја очекувате ја нема, кога не ја очекувате доаѓа, ова е најновата дефиниција за менструацијата. Ако се случи со вашиот партнер и не е некој срам, но доколку се случи со нов партнер навистина ќе бидете засрамени и најпросто нема да знаете како да реагирате. Не срамете се бидејќи секој маж знае дека тоа доаѓа спонтано.

 

Непланирана трета личност

 

Тројка? Не, знаеме дека мечтаете за тројка и тоа не е срам. Но што е со случајните минувачи, влегувањето на мајката, таткоко, братот, цимерот или слично во соба на сред секусален однос? Веруваме дека повеќето од вас имале вакви несомнено срамни моменти, ако не со партнерката тогаш барем при мастурбација.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER