Магнолија – украсна билка која се бори против стресот и ја лекува несоницата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Магнолија – украсна билка која се бори против стресот и ја лекува несоницата

Магнолијата е украсна билка која го намалува стресот и ја лекува несоницата – тврдат многу познавачи на алтернативната медицина. Од кората на магнолија се прават многу екстракти кои лекуваат анксиозност, депресија, несоница и многу други слични состојби.







Родот магнолија брои повеќе од 80 видови. Екстракт од магнолија редовно се користи во лекување на депресивни состојби, анксиозност и несоница во источните земји како Кина и Јапонија.



Освен нејзините главни лековити својства, магнолијата има и други примени. Екстрактот од магнолија според многу истражувања се покажал како благодет за кожата. Во нејзиниот состав има многу состојки кои ја штитат кожата, ја хидратираат и ги намалуваат иритациите, односно црвенилата.



Сепак магнолијата е растение кое има првично анти-стрес дејство. Екстрактот од магнолија го намалува стресот на начин што влијае на надбубрежната жлезда, и го намалува лачењето на кортизолот, а намаленото лачење на кортизолот штити од стрес како и од други здравствени проблеми.



Според многубројните истражувања, со сигурност се покажува дека магнолијата освен како украсна билка е и билка која има голем благодет за организмот и треба почесто да се употребува и на нашите простори.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER