Здравје понудено од киселата зелка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВА ИСХРАНА

Здравје понудено од киселата зелка

 

Зима без кисела зелка? Ова кај нас ретко кој може да си го замисли. Киселата зелка е редовно присутна на нашите трпези во зима и секогаш претставува дополнителна закуска која одлично оди со чашка ракија. Киселата зелка воопшто не заостанува зад другите здрави јадења.

Киселата зелка е освежителна нискокалорична храна која е одлична за конзумирање во зима. Содржи многу витамин Ц, минерали и други соединенија кои го чуваат Вашето здравје. Зелката штити од вирусни инфекции, грип и други загрозувачи на здравјето кои демнат во зимскиот период.

 

Само една чаша сок од цедена кисела зелка ќе ги надополни витамините кои ви недостасуваат за целиот ден. Киселата зелка е многу ценета од познавачите на народната медицина бидејќи содржи многу антиоксиданси а добра е за имунитетот и дигестивниот систем. Ги содржи скоро сите витамини, па можеме да кажеме дека ако ја конзумирате редовно сигурно нема да имате проблем со витамините во текот на целата зима.

 

Многу е важно зелката да е природна и да не е одгледувана со додавање на разни хемиски препарати.

 

Сега е сезоната која претстои за да ја конзервирате и вие вашата зелка. Немојте да се двоумите дали да го направите тоа, бидејќи со ставањето на кисела зелка ќе му подарите здравје на Вашиот организам во текот на целата зима.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER