Заштитете го Вашето тело од инсектите на природен начин | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Заштитете го Вашето тело од инсектите на природен начин

Убавото и топло време веќе започна и во нашиот регион. Топлото време мами се почесто да излегуваме во природа, да кампуваме и да се радуваме на убавините на природата. Со ова потенцијално се вмешуваме во царството на инсектите, кои ги има многу, а некои од нив можат навистина да ни го загорчат животот.







Некои природни препарати се идеален метод за заштита од инсектите. Природните препарати можат на ефикасен начин да ги оддалечат инсектите од нас или да помогнат при заздравување на рана настаната од каснувањето на инсектот. Денеска ќе ви презентираме неколку најупотребувани билки:



Лаванда (Lavandula officinalis)




Етеричното масло од лаванда е идеално за одбивање на инсектите околу вас. Неговиот специфичен мирис не им дозволува на повеќето инсекти да се доближат до вас. Но освен тоа, лавандата има и лековито дејство за раните кои настанале од каснувањето. Се користи за регенерација на местото, дезинфекција и заштита на местото од инфицирање. Многу голем број препарати кои имаат ваква намена се на база на лаванда.



Камилица (Matricaria chamomilla)




Камилицата има ефект врз раната настаната од убод од инсект. Ефикасно ја смирува инфекцијата и допринесува за брзо зараснување. Камилицата е убедливо најлековитата билка на нашите простори која има многу примени, а исто така е и меѓу најупотребуваните билки во нашата алтернативна медицина. Содржи исклучително ретки, но корисни материи кои имаат ефект на смирување на многу типови на инфекции.







Босилек (Ocimum basilicum)



Босилекот е добар антисептик, седатив и конзерванс. Има исклучително силен мирис и неговото етерично масло е многу применувано. Главна примена на босилекот со својата миризба е да не им дозволи да се доближат инсектите и се чини дека е убедливо најуспешен во тоа. Има и други секундарни ефекти, на пример етеричното масло од босилек помага при рана направена од убод од инсект.



Како да се заштитите од комарците?




-
1 децилитар маслиново масло

- 40 капки од етерично масло од лаванда



Помешајте ги овие две состојки во еден стаклен сад и чувајте ја смесата во шишенце. Добро протресете го шишенцето, а потоа нанесете го на кожата после туширање. Доколку се работи за деца, користете наместо 40, 20 капки на лаванда во истата количина на маслиново масло. Ефектот ќе го забележите сами.



Кога ќе добите убод од пчела, искористете ја камилицата...




-
3 капки етерично масло од камилица

- Една лажичка сода бикарбона

- Една лажица дестилирана вода



Помешајте ги овие состојки заедно и ставете ги на облога. Облогата ставајте ја на местото на убодот. Менувајте ги облогите се додека отокот не спласне.



Што кога ќе добиете убод од пајак?




-
Неколку листови босилек

- Коцка лед



Многу брза и значително делотворна метода е босилекот и коцка лед. Земете неколку листа босилек, истрлајте го местото на убодот, веднаш потоа оладете го со коцката лед и повторете. Многу брзо убодот ќе се излекува.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER