Акупунктурата го лаже мозокот! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Акупунктурата го лаже мозокот!

Акупунктурата влијае на областите на мозокот кои се одговорни за перцепцијата на болка, се вели во новата прелиминарна студија извршена во Универзитетската болница во Есен, Германија.



Истражувачите користеле скенови на функционална магнетна резонанца со помош на кои се “фаќале“ мозочните активности кога испитаниците примале електрични сензации преку уред закачен за глуждот.



Функционалната магнетна резонанца им овозможува на докторите да видат како протокот на крв се зголемува во однос на мозочната активност.



Со се поголемото зголемување на интензитетот на електричните импулси кои испитаниците ги примале, пропорционално се зголемувала и болката која што ја чувствувале. Скалата на болка изнесувала од 1 до 10. Кога болката ќе се искачела на највисокото можно ниво (10) веднаш биле аплицирани игли за акупунктура, при што истовремено повторно биле земени скенови со магнетна резонанца. Скенирањето траело се додека на скалата не се покажела болка со степен 8.



Се пронашло дека без активна акупунктура, постоела голема мозочна активност во оние делови од мозокот кои се задолжени за перцепција на болка. За време на акупунктурата, активацијата на овие делови за процесирање на болката била намалена.



Целта на оваа студија е подобро да се разберат центрите за болка во мозокот кои што би помогнале да се развијат нови типови на лекови против болка.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER